Искрено му се заблагодарувам на Зоран Кастратовиќ, кој ми беше првиот тренер во ракометното школо Кастратовиќ што во мене го препозна голманскиот талент, кој што понатаму го развивав и се надоградував напорно работејќи во Металург, заедно со нашиот репрезентативен голман Тања Андрејева.
3. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт – излегувања, дружба? Имаш ли време за љубов? :-)
Лесно е да се каже „Ништо не е тешко, ако се сака“, но во реалноста е нешто сосема друго, потребни се многу одрекувања и сила да се надминат сите тешкотии, но со поддршка од луѓето кои ме сакаат и веруваат во мене, многу полесно ги одредувам приоритетите.
4. Кој е голманот во европски и светски рамки кој ти е идол? Има ли некој голман од кој учиш?
Има многу голмани кои ги пратам и на кои им се восхитувам. Од сите се обидувам да го извлечам она што според мене мислам дека е најдобро и да го применам кај мене.
5. Дали некогаш како голман ти се случило да дадеш гол?
Не сум имала таква прилика до сега.
6. Велат дека за голманите покрај рефлексите и брзината, неопходна е и полна концентрација и смиреност во текот на мечот. На кој начин се подготвуваш за мечевите? Имаш ли некои ритуал?
Немам некои посебни ритуали. Едноставно се обидувам да се опуштам, најчесто преку слушање музика.
7. Дел си од сениорската репрезентација на Македонија, бранеше на последните квалификациски натпревари, кои за жал завршија со неуспех… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа нова помладена генерација?
Кај женската сениорска репрезентација дојде до смена на генерации, па со тоа на нас младите ни се укажа шанса да бидеме дел од тој тим. Мое лично мислење е дека сепак треба да и се даде малку време на оваа репрезентација, за ние помладите полека да го стекнуваме тоа искуство кое ни е потребно. Тоа би можеле да го постигнеме со напорна работа како и добра организација на сите нивоа.
8. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската сениорска репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светските првенства?
Како и фановите, така и ние ракометарките искрено се надеваме и посакуваме дека тоа ќе се случи во скоро време.
9. Со заминувањето на неколку поискусни ракометарки,ЖРК Металург остана прилично млада екипа, шанса за вас помладите да го докажете вашиот квалитет. Каква е атмосферата во тимот? Кои се твоите очекувања за сезонава?
Јас како капитен на овој подмладен состав на ЖРК Металург, задоволна сум од атмосферата која владее во тимот и сметам дека успешно ќе ги оствариме зацртаните планови за оваа натпреварувачка сезона. Верувам дека во иднина овој млад состав со правилна работа може да оствари и подобри резултати.
10. Што може да те изнервира најмногу за време на натпревар?
Како голман секако најмногу може да ме изнервираат некои лесно примени голови, а понекогаш и лоши судиски одлуки :-)
11. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на ЖРК Металург, со правилна работа, за година, две може да ја врати титулата во домашното првенство?
Секако дека тоа може да претставува наша цел. Но засега наше е да работиме, а резултатите ќе си дојдат.
12. Кое е твоето мото?
Never give up!
|