Во пресрет на престојното светско првенство во Катар, нашиот репрезентативец Наумче Мојсовски верува дека можат да се пласираат во 1/8 финалето, дека имаат квалитет за тоа.

“Заслужуваме да бидеме во осминафиналето после групната фаза. Тоа е можно, бидејќи веќе докажавме дека можеме да го направиме тоа. Ова е наш трет Мундијал и нашата генерација го има искуството тоа да го направи. Покажавме на Европското првенство во Србија 2012 и на Светскиот шампионат во Хрватска 2009 год. дека имаме квалитет. Во претходните натпреварувања во клучните мечеви се случуваше да загубиме со еден или два голови разлика за пласман понатаму“ – изјави Наумче Мојсовски.