Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсовски од наредната сезона се враќа во дресот на Металург. Ни потврдија челниците на Металург, кои најавуваат враќање на уште некои наши репрезентативци во екипата.

По сите проблеми што ги имаа „плаво-белите“, конечно ги средија работите и најавуваат кам-бек со кој ќе ги израдуваат сите љубители на македонскиот ракомет, како и верните навивачи на Металург, кои со нетрпение ја очекуваат новата сезона.

Моментално Наумче Мојсовски заедно со Ренато Вугринец настапуваат за екипата на Лахвија од Катар, клуб со кој потпишаа договор до крајот на сезонава. Сеуште не се знае судбината на Ренато Вугринец, но ништо чудно да е и тој во оние репрезентативци кои ќе се враќаат во екипата на Металург.

Вест која сите љубители на македонскиот ракомет би сакале да биде вистина, но за жал ова е само првоаприлска шега :) Имајте убав ден и поддржувајте го македонскиот ракомет!