Веќе од утре продолжуваат натпреварите од ВИП машката Супер лига. Во ова 7-мо коло следуваат мошне интересни и се надеваме полни со изненадувања натпревари. Најнапред ова седмо коло го отвораат екипите на РК Работнички и РК Тинекс Пролет во меѓусебен дуел, кој е закажан за утре (петок, 23.10.2015), со почеток во 16:00 часот. Домаќин на овој натпревар е екипата на Работнички. Еден ден подоцна, односно во сабота (24.10.2015). Вардар Јуниор ја пречекува младата екипа на РК Металург 2 во натпревар кој започнува во 12 часот, во СЦ ,,Јане Сандански“. Преостанатите два натпревари се играат во недела со почеток во 19 часот,во кој ќе се сретнат РК Радовиш и РК Пелистер, како и РК Охрид и РК Прилеп. Екипите на Радовиш и Охрид имаат улога на домаќини.
7 коло, ВИП Супер лига:
РК Работнички – РК Тинекс Пролет – петок, 16:00 часот (СС ,,Форца“)
РК Вардар Јуниор – РК Металург 2 – сабота, 12 часот (СЦ ,,Јане Сандански“)
РК Радовиш – РК Пелистер – недела, 19 часот (СРЦ ,,25 Мај“)
РК Охрид – РК Прилеп – недела, 19 часот (СС ,,Билјанини Извори)
Екипата на Металург заради настапот во Лигата на шампионите, овој натпревар од ова седмо коло како и одложениот против Пелистер, ќе ги одигра во текот на наредната недела. Директни преноси од сите натпревари од ВИП машката Супер лига можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.