Денес продолжуваат натпреварите од ВИП машката Супер лига. За денес се закажани два натпревари. Најнапред новото коло го отвораат екипите на РК Пелистер и ГРК Борец во меѓусебен дуел, додека вториот натпревар за денес го играат екипите на РК Работнички и РК Металург 2.

По победата над екипата на Металург 2, екипата на Пелистер во ова ново коло ја пречекува екипата на ГРК Борец која неочекувано и изненадувачки во изминатото коло загуби на домашен терен од екипата на Радовиш. Домаќин на овој натпревар од ова ново коло помеѓу овие две екипи е РК Пелистер. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала ,,Младост“ во Битола. Ова е шанса и за двете екипи кои со евентуална победа имаат можност да се искачат неколку места погоре на табелата и да го избегнат дното на табелата.

Во вториот натпревар од 9-тото коло ќе се сретнат екипите на РК Работнички и РК Металург 2. Младата екипа на РК Металург 2, овој пат му гостува на Работнички. Натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот, а домаќин на натпреварот е РК Работнички. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала ,,Форца“.

Ден подоцна се играат и останатите натпревари во кои ќе се сретнат:

РК Металург – РК Тинекс Пролет

РК Радовиш – РК Прилеп  

Директен пренос од сите натпревари од ВИП машката Супер лига можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.