Често во спортот (а во македонскиот спорт почесто отколку што би сакале), се користи реченицата – го достигнавме дното. Сепак, нашата женска ракометна репрезентација, вчера навистина го допре дното! Загубивме од репрезентацијата на Италија, која пред натпреварот беше тотален аутсајдер, што беше и логично, бидејќи само еднаш имаат играно на ЕП, и тоа како домаќин. Пред натпреварот сите, од тренерот до играчите, очекуваа победа, посакуваа победа и се надеваа дека конечно ќе го напуштат теренот со исправени глави… дополнително, неколку пати потенцираа дека не ја потценуваат репрезентацијата на Италија.

Но сепак, се останаа на тоа, само желби и нереални надежи. Целосно ја разочараа македонската публика, и особено оние околу 800 луѓе во СРЦ „Кале“.

Во продолжение мој мал осврт за целиот натпревар …

Натпреварот го започнаа, како што и претпоставував најискусните и моментално најдобрите ракометарки во репрезентацијата…
Во напад бевме со крилата Драгана Митрова и Сара Ристовска, сестрите Ѓеорѓиевски и Десподовска како бекови и пикерот Робертина Мечевска …. за во одбрана Душица Ѓеорѓиевска излегуваше и влегуваше вториот пикер Ленче Илкова … на голот бранеше Ивана Зафирова.

Девојките добро го започнаа мечот. Играа добра одбрана, што придонесе да направат неколку контри. Во нападот беа разновидни, со неколку технички грешки, но поведоа и добија посакуван резултат, водство од 5 разлика, и најавија дека ова може да биде рутински меч и добар тренинг за следните мечеви…

Но, сето тоа почна полека да се распаѓа… се прашувате ЗОШТО?!?

Нашиот “одличен“ тренер, кој мене сеуште не ми е јасно, со кое искуство е ставен да биде селектор на репрезентација (но тоа не е моја работа, тоа е работа на РФМ), почна да прави несфатливи измени според мене… Еве само дел од нив:

Прва грешка: Нашето десно крило Сара Ристовска, која на почетокот играше одлично во одбрана и во напад, постигнувајќи 3 гола од контра, благодарение на изиграната добра одбрана… за после тоа да промаши два удара, т.е. голманката на Италија ги одбрани ( што беше и претходно добро познато, дека таа е добар голман) …
Е, нашиот тренер поради тие грешки ја извади и ја стави уште понеискусната Симоновска која делуваше изгубено, во одбрана почнаа да не бушат на десната страна, а во нападот имаше недоразбирање во играта со Елена Ѓеорѓиевска.

Втора грешка: Глупата промена на пикерите … Мечевска одлична беше во нападот, знаеше да се постави добро, да направи блок и да им овозможи на бековите да постигнат лесни голови, во одбраната стандард одлична, цврста и без многу грешки.
Е, на нашиот тренер одеднаш му текна, во нападот да ја извади Мечевска и на нејзино место да ја стави Лечне Илкова, која според мене во одбрана си играше супер и така требаше да остане, бидејќи во нападот не се снаоѓаше ич… немаше никакво движење и голем дел од времето стоеше во средина, што ги загушуваше бековите …

Трета грешка: Левиот бек … добро знаев дека Десподовска беше болна и затоа имаше мала минутажа… прва замена и беше Штериова, но за брзо излезе Штериова поради што доби удар во носот, и влезе Ивана Саздовски, која одлично изигра, постигна 3 гола, брзо се движеше и имаше храброст да направи влезови, и добро се држеше во одбрана.
Е нашиот тренер по не знам кој причини ја извади.. влезе Штериова повторно… Беше како изгубена во нападот и одбраната, како да нема изиграно ниеден натпревар.. разбирам лош ден, на секој му се случува али кога ќе видиш дека не му иде, се вади … Магдинчев не ја извади, се дури не поведе Италија на 7-8 минути до крајот на мечот…

Четврта грешка: Десниот бек.. на сите добро познатата Елена Ѓеорѓивска, која одлично го започна натпреварот, за потоа да направи неколку технички грешки и поради лошите измени на пикер и десно крило, едноставно немаше што да прави, блокирана беше и немаше простор кај да игра, нит па да шутне на голот… а го стори тоа неколку пати али тие шутеви завршија покрај голот…
Е нашиот тренер, ја повлече и ја стави по неискусната Симона Гроздановска, која се разбира не се снајде во тој мал простор… на неколку пати од немајкаде шутна.. и тука веќе се скрши се …

Италијанките направија 2-3 гола разлика на 3 минути до крај …и нашите ракометарките паднаа психички, направија две грешки ( топка од рацете им паѓаше ) со што воедно и ги скршија срцата на публиката, а воедно и мене … Никогаш не сум се почуствувал толку лошо…. Искрено сум тажен кога гледам каде замина женскиот ракомет …

Загубивме со 20:23 … За потоа нашиот драг и ценет селектор, изјави дека немал голмани, немал лидер на репрезентацијата… БРУКА! Наместо да ја превземе одговорноста за овој срамен пораз, тој уште се правда и плука по другите …. Изјави кои ме натераа да го напишам овој текст, кој сепак ова е мое мислење, ако ви се допадне споделете, ако имате друг став слободно пишете им на МакРакомет, они ќе го објават вашиот текст, како и мојов :)

п.с. Голманите не ги спомнав, бидејќи тие беа најмалку криви … да неискусни се, али 90% од примените голови беа, поради лошата одбрана… не навремено затворање, не правење на блок …

Поздрав и се надевам ќе се вратат психички следниве денови и во недела ќе покажат дека можат повеќе. #СоСрцеЗаМакедонија

Автор на текстот е @topanskoboy