Престојниов викенд ќе се одигра 16-то коло од машката ракометна Супер ВИП лига, во кое не се очекуваат некои поголеми изненадување. Освен ако гледаме според позицијата на која се наоѓаат екипите, ова коло имаме “дерби“ во кое се среќаваат прво и второпласираната екипа.

Но, со оглед на последните случувања во Металург и прекомандувањето на повеќето младинци во сениорскиот состав, за јуниорите настапуваат играчите од кадетскиот тим на Металург. Со што не би претставувало проблем Зомимак-М да ја забележат и 16-та победа во низа.

Останатите натпревари се очекува да издвојуваат победи фаворитите, со што при евентуален пораз на Металург 2, прилепчани би ја зазеле 2-та позиција, а Радовиш и Пелистер би се изедначиле со бодови со плаво-белите. Со што би се водела мртва трка во последните две кола за трите позиции кои водат на фајналфорот.

Натпревари од 16-то коло:

  • Металург 2 : Зомимак
  • Преспа : Радовиш
  • Прилеп : Текстилец
  • Охрид : Пелистер
  • РК Работнички : Тинекс Пролет

Табела од машката Супер ВИП ракометна лига:

1. Зомимак М 45
2. Металург 2 30
3. Прилеп 2010 28
4. Радовиш 27
5. Пелистер 27
6. Пролет 24
7. Охрид 20
8. Работнички 14
9. Преспа 6
10. Текстилец 1