Ракометарите на Металург денес не ги посака среќата, несреќно го загубија натпреварот против Скјерн со погодок во последните секунди.

Со оглед на тоа што можевме да го видиме од натпреварот, поради несериозноста на МРТ1 и приклучување со директен пренос од натпреварот во 25-та минута, ракометарите на Металург одиграа еден одличен натпревар.

Борбено и цврсто во одбраната, со што ги присилуваа играчите на Скјерн да шутираат од неизградени позиции. Шутеви кои денес лесно ги скротување Даниел Дупјачанец, кој повторно блескаше на голот со 15+ интервенции. За разлика од одбраната во нападот малце потешко им одеше, единствена солуција беше Јанко Божовиќ кои го торперидаше данскиот вицешампион со 11 погодоци. Потпомогнат од Матиќ кој постигна 4 погодоци, беа главите играчи во нападот.

Се осеќаше неиграњето денес на Мраковчиќ поради повреда, кој знаеше да ја раздвижи средината. Но, овие момци денес покажаа дека од натпревар во натпревар се се подобри и не треба да се обесхрабрат после овој пораз. Туку напротив да се мотивираат повеќе и веќе во следниот натпревар, против Баја Маре да го остварат првиот гостински триумф.

Тимот на МакРакомет им честита за одличната прикажа партија и им посакува многу среќа понатака!

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )