3. Како успеваш како млад човек да избалансираш живот на еден професионален спортист со она што е да речеме “нoрмaлнo” за еден 20-гoдишник – излегувања, дружба?
Добро, сега не е лесно, затоа што како професионален спортист треба да си максимално посветен на тоа што го работиш. За да бидеш успешен, мора да се откажеш од некои работи кои ги прават другарите на моја возраст, но не мора да значи дека моето слободното време не можам да го искористам за дружење и излегување. Со многу голема љубов и желба за ракометот се забораваат некои моменти од изгубеното време, за кое јас мислам дека немам изгубено многу.
4. Во Металург 2 и годинава играш извонредно и си меѓу најдобрите стрелци практично на секој натпревар. Очигледен е постојаниот напредок во играта. Што те мотивира да одиш напред?
Секако, секој си има своја цел која сака да ја исполне да стане играч. Напредокот во играта се секојдневните тренинзи кои целосно се посветувам за да научам по нешто ново, едноставно тоа е патот кон успехот. Па мојата мотивација е да бидам дел од Првиот тим на Металург, исто така го очекувам повикот од Сениорската Репрезентација на Македонија.
5. Ти си генерација пред твоите соиграчи кои се дел од јуниорската репрезентација, но сепак си дел од новиот бран ракометари од кои се очекува во иднина да бидете носители на сениорската репрезентација. Како гледаш на потенцијалот кај вас, младите ракометари?
Потенцијал кај нас младите ракометари секако дека има. Нема да биде лесно да ги замениме нашите репрезентативци од кои имаме многу да научиме, но јас сум сигурен дека тоа е мотив повеќе напорно да тренираме за да можеме достојно да ја преставуваме Македонија.
6. Кога сме кај твоите колеги од клубот, со кој се разбираш најдобро на, но и вон теренот? Се дружите ли и надвор од клубот?
Се дружам секако со сите мои колеги од клубот, но секој си има свој круг на другари. Повеќе се разбирам со Бојан Маџовски, Борјан Маџовски и Горан Крстевски кои се дружиме и разбираме скоро цело време како на терен така и надвор од него.
7. И ако за повеќето од јуниорите и кадетите ќе почекаме уште некоја година пред да станат дел од сениорската репрезентација, ти веќе силно се наметнуваш да бидеш дел од репрезентацијата. Доколку тоа се побара од тебе, можеби веќе на претстојниот светски шампионат, подготвен ли си да одговориш на предизвикот? Пред се од психички план?
Доколку тоа се побара од мене, секако дека сум подготвен да одговорам на тој предизвик. Со нетрпение го очекувам повикот од сениорската репрезентација. Колку и да е тежок, јас ќе дадам се од себе.
8. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на светскиот шампионат во Катар?
Па шансите на нашата репрезентација, јас сметам дека имаме квалитет да постигнеме добар резултат и да се пласираме на Олимписките Игри во Рио. Секако дека немаме лесна група, но имаме искусни играчи кои ќе направат се за да ја постигнат таа цел.
9. За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за распределбата на медали на ова СП?
Мое мислење дека Светски Прваци ќе бидат Данска, второ место Франција и трето место Шпанија.
|