Македонскиот репрезентативец Никола Митревски е нов член на португалскиот гигант Бенфика, откако голманот на Металург реши да си замине од редовите на Металург. Трансферот денеска беше потврден и на официјалната веб-страница на Бенфика, а Митревски не го криеше задоволството по потпишаниот договор за соработка.

„Доаѓам во еден од најдобрите и најголемите клубови во Португалија, колектив со богата историја. Бенфика сака да направи прогрес, да стане шампион, а јас доаѓам за да помогнам тоа да се оствари. Мислам дека навивачите во Португалија се многу слични по менталитетот со оние од Македонија“ – изјави Митревски за официјалната страница на својот нов клуб.

Ова е прво интернационално искуство за Митревски, претходно ги бранеше боите на Металург, Вардар и на Пелистер.