Македонскиот репрезентативец Никола Стојчевски останува во Шведска, само ја промени екипата. Од екипата Редбергслидс каде прикажа одлични партии, заминува во екипата на Дрот Халмштад, со која потпиша едногодишен договор.
„Потпишав договор со Дрот Халмштад. Имав неколку понуди од лубови од Скандинавијата, но Дрот ми понуди најдобри услови, а и поважна причина ми беше то градот е блиску до Гетеборг, па ќе бидам поблиску до моето семејство.“ – изјави Стојчевски за порталот sport365.mk