Македонскиот репрезентативец Никола Стојчевски со својот Редберглидс ја прекинаа црната серија порази на стартот на шведската Елитсериен и славеше на домашен терен над екипата на Гуиф со 28:25(15:16).

Стојчевски после повредата, полека се враќа во форма. На натпреварот беше еден од најдобрите, кој постигна 4 погодоци.

Редберглидс по првата победа се најде на 11-тото место на табелата, а во следното коло ќе игра на гости против тимот на Рикох.