Ракометарите на Зомимак-М стигнаа до втората победа во рок од три дена и ја продолжија серијата победи во Супер лигата. Струмичките „рисови“ одиграа онолку колку што е потребно за да стигнат до тринаесеттата победа по ред. Екипата на Работнички во првото полувреме одлично им парираа на домќините кои пред крајот на првото полувреме направија разлика од 3 гола и на пауза се замина со резултат 17-14. На почетокот на второто полувреме „рисовите“ се одлепија на 7 голови позитива и до крајот на натпреварот само ја одржуваа предноста. Најефикасен во домашниот табор беше Милосављевиќ кој постигна 12 голови, додека кај гостите Ѓуроски Дејан кој натпреварот го заврши со 9 погодоци.
Зомимак-М 36-30 Работнички
Зомимак-М: Танев, Атанасов, Павловски 3, Младеновски 5, Пецаковски, Наков, Милосављевиќ 12,Трајкоски 10 одбрани, Босеовски 1, Мастев, Тасов, Стојановски 6 одбрани, Чантириа 9, Василев, Везенковски 6, Тасов.