Во паузата од натпреварите во Лигата на пампионите, а пред почетокот на ЕХФ неделата, кога играчите ќе се со своите репрезентации во квалификациите за ЕУРО 2016, екипите на Вардар и Металург ќе одиграат две кола од регионалната СЕХА Лига. Првиот од двата мечеви и двете екипи ќе го одиграат денес.
Актуелниот шампион во СЕХА лигата, Вардар очекува да ја продолжи победничката серија од Лигата на Шампионите, и да забележи нова победа во својата сала „Јане Сандански“. Противник е екипата на Раднички која во досегачните мечеви забележа една победа, еден нерешен резултат и четири порази. Вардар е апсолутен фаворит и се очекува лесен и убедлив триумф, па нема да изненади доколку тренерот Гонзалес се обиде да испроба некои нови варијанти во играта, пред продолжувањето на ЛШ. Мечот се со почеток во 20:15, во СЦ „Јане Сандански“.
Вториот македонски претставник во лигата, Металург денес, во Нови Сад ќе го игра натпреварот против екипата на Војводина. Како и на сите претходни мечеви во СЕХА лигата, и на овој, екипата на Металург ќе настапи во комбиниран состав. Во Скопје останаа браќата Маркоски, Димовски, Мојсовски, Вугринец и Атман, па поголема минутажа ќе добијата помладите играчи во екипата, вклучително и Нелоски и Талески, кои се надеваме дека конечно ќе ги видиме во позабележителна улога и во одбрана и во напад. Сепак, и покрај комбинираниот состав, металург мора да ја оправда фаворитската улога и да забележи победа. Мечот ќе се пренесува на МРТ, со почеток од 19:30.
Табела:
1. Веспрем 6 6 0 0 197 : 139 18
2. Вардар 6 5 0 1 171 : 145 15
3. Татран 6 4 0 2 187 : 163 12
4. Брест Мешков 5 4 0 1 151 : 132 12
5. ППД Загреб 5 3 0 2 143 : 128 9
6. Металург 4 2 0 2 111 : 110 6
7. Раднички 6 1 1 4 158 : 178 4
8. Борац 7 1 1 5 184 : 223 4
9. Нексе 6 1 0 5 139 : 182 3
10. Војводина 7 0 2 5 165 : 206 2