Нов, трет по ред пораз за екипата мна Металург во Лигата на шампиони. И повторно во натпревар на нерви, Металург не успеа да биде подобар, или можеби подобро е да се каже поприсебен, од противникот. Конечни 21-23 за екипата на Баја Маре, која кога ќе се земе се, сосем заслужено доаѓа до два бода, со кои се враќа во борбата за едно од првите две места во групата Д.

Денешниот меч Металург го загуби во првото полувреме. Поточно кажано, во првите 20 минути. Со серија од 3-0 гостите од Романија го отворија мечот и најавија дека се дојдени по триумф во Скопје. Металург првиот гол го постигна преку Пешевски дури во 7-та минута од мечот, но залудно. Во нападот Металург не успеваше да најде одговор за високата одбрана на Романците, а одбраната, до сега најсилното оружје, не беше на ниво. Веќе во 13-та минута беше 2-7. Червар почна да ротира во составот, но неговиот брод само тонеше. Конфузната игра на домаќинот, Баја Маре ја искористи за највисоки 6-12 во 26-та минута. До крајот на полувремето, одбраната на Металург конечно се созеде, и со 3 едноподруго гола, намали на 9-12. До крајот на полувремето имаше шансии за подобар резултат, но по неискоритените шанси, на полувреме се замина со негатива 9-13.

Второто полувреме започна со гол за Баја Маре, за нови 5 голови предност, по што Металург конечно се разбуди. Со серија од 3-0 Металург се враќа во игра, по што почнува вистинска рововска битка на теренот. Борба за секоја топка, често на границите на дозволеното. Се до 48-та минута, кога Металург на крилјата на публиката, која конечно беше на висината на задачата, целосно го затвара приодот кон својот гол и со серија од 4-0, за прв пат во мечот доаѓа во водство 21-20, во 55-та минута на мечот. За жал, до крајот Металург не постигна гол, а прими 3, за нов пораз во групата Д од Лигата на шампиони.

Кај Металург никој играч немаше посебно свој ден. Повторно најпрецизен беше Божовиќ со 6 гола, и покрај тоа што целата одбрана на Баја Маре беше фокусирана на нашиот најдобар играч. Матиќ постигна 3, но имаше многу грешки, непотребни шутеви, азгора на се одигра и многу слабо во одбраната. Вреди да се спомене и Лука Мраковчиќ, кој иако практично играше со една рака, беше најпожртвуван играч и им покажа на сите, особено на своите врсници како се игра со срце. Тој и покрај малата минутажа, мечот го заврши со 2 гола. Кај Баја Маре, Бера, Острусхко, Иванчик, Садовеац постигнаа по 4 голови, а најдобар веројатно беше голманот Татаи, кој бранеше извонредно.

По ова коло, Скјерн, Баја Маре и Мотор се на делба на првото место во групата со по 8 поени, пред Кадетен со 5 и металург со 4 бода. Последен е Елверуум со 3 бода. Следи пауза од 3 недели, по што Металург повторно е домаќин, овој пат на Мотор, на 12.11.2015.

Ви Лигата на шампиони следи пауза од