Според “Хандбал планет“ познати се ракометарите кои се во изборот за најдобар светски играч оваа година. Гласањето трае до 4 декември, а на крајот ќе се формира листа од најдобри осум ракометари.

Во изборот за најдобар десен бек се наоѓаат македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, заедно со ракометарот на Металург, Ренато Вугринец, потоа за голман членот на Вардар, Арпад Штербик, и за лево крило, уште еден Вардарец, Тимур Дибиров.

Можете да гласате на следниот линк: ТУКА.