Сo утрешниoт нaтпревaр прoтив репрезентацијата на Црнa Гoрa, женскaтa рaкoметнa репрезентaцијa врти нoв лист. Предвoдени oд Симе Симовски, нaшите млaди рaкoметaрки зaпoчнувaат тежoк и трнлив пaт зa врaќaње нa стaрите пaтеки, кoгa тoкму oвaa селекцијa беше гoрдoст нa сите Мaкедoнци.

Црна Гора е фаворит во нашата квалификациската група 4 за пласман на ЕП 2016 година, заедно со искусните репрезентации на Хрватска и Словенија. Репрезентации кои моментално се далеку поквалитетни од нашата репрезентација, со што оправдано нашата репрезентација ја има улогата на аутсајдер во овие квалификации.

На утрешниот натпревар Црна Гора нема да биде во полн состав, ќе играат без вардарката Јованка Радичевиќ, Соња Барјактаровиќ, Анѓела Булатовиќ и Сузана Лазовиќ. Но, сепак црногорскиот состав има на располагање искусни ракометарки како што се Радмила Петровиќ и Мајда Мехмедовиќ, кои за порталот www.handballme.me изјавија дека ќе влезат максимално сконцентрирани во натпреварот, бидејќи сметаат дека нашите млади ракометарки ќе влезат двојно помотивирани на натпреварот.

Тоа што го очекуваме од овие ракометарки е да пружат добра игра пред се во одбраната, да почнат да градат свој стил на игра, кој ќе го негуваме во иднина. Да го покажат својот квалитет и борбеност, со кои достојно би им се спротиставиле на црногорките. Не очекуваме сето ова да го одиграат 60 минути, но дотолку одиграат 10-20 мин би не израдувале.

Главниот товар на оваа репрезентација ќе го носат трите најискусни ракометарки, Зорица Десподовска, Елена Ѓеорѓиевска и Душица Ѓеорѓиевска. Ракометарки кои ќе го пренесат своето искуство и заедно со останатите ракометарки ќе градат една репрезентација, која ќе не радува во блиска иднина.

Убавата работа во овој состав е што поголемиот дел од овие ракометарки, веќе играат долго време заедно. Се познаваат доволно и напредуваат се повеќе в година во година, со што може слободно да кажеме дека во оваа репрезентација владее една убава хемија помеѓу ракометарките која ветува многу.

Натпреварот Црна Гора – Македонија ќе се одигра утре со почеток во 19.30 часот во Бар.

Среќно!