Македонската ракометна репрезентација утре од 17 часот против Хрватска ќе го одигра четвртиот натпревар на Светското првенство во Катар.
Селекторот на нашиот национален тим Ивица Обрван, кој своевремено го носеше дресот на хрватската репрезентација потенцира дека овој овој дуел нема да влезе со никакви емоции.
“Немам апсолутно никакви емоции пред утрешниот натпревар. Во моментов моја работа е селектор на Македонија и моја репрезентација е Македонија. Јас како селектор ќе бидам пресреќен ако забележиме позитивен резултат против Хрватска. Посебно што на спротивната страна е репрезентација која многу ја почитувам, не само поради играчите туку и поради сето она што го постигнаа во изминативе две децении” -изјави Обрван.