Селекторот на нашата репрезентација, Ивица Обрван, во пресрет на утрешниот натпревар најавува добра игра и максимална посветеност на ракометарите, со што дотолку победиме ќе останеме во игра за највисок пласман во групата, што би ни донел полесен противник во 1/8 финалето.
„Тоа е сериозна репрезентација која загуби од Австрија поради серија грешки и мораме да бидеме целосно фокусирани и да се подготвиме и да бидеме на ниво на играта со Тунис. Мораме да знаеме дека за БиХ ова е еден од мечевите во кои бараат победа што ќе им значи минување во осминафинале. Македонија нема право против никого да игра потценувачки и во втора брзина. Мораме максимално да играме за позитивен резултат. Амбицијата на БиХ ни ја олеснува работата, но нам ни треба победа која ќе нѐ однесе во осминафинале, а ако победиме остануваме во игра и за највисок пласман“ – изјави Ивица Обрван.
За разлика од првите два натпревари, Обрван и репрезентативците ќе имаат репрезентацијата на БиХ, која за нас е познат противник.
„Треба полесно и поедноставно да се подготвиме. Тоа се познати ликови против кои ќе играме, го знаеме системот на играње на БиХ, и знаеме што ќе играат“ – заврши Обрван.