Селекторот упати комплименти на адреса на голманот Петар Ангелов, кој се прикажа во добро светло откако влезе во игра на местото на Борко Ристовски.
„Ангелов влезе во игра и покажа карактер, имаше огромна желба за да го смени текот на натпреварот. Горд сум на него како и на секој друг играч што ќе покаже таква сила, мислам дека поголемиот дел од играчите денеска одговорија на предизвикот и одиграа на многу високо ниво. Борко Ристовски бранеше во одлична форма на досегашните средби, а Ангелов покажа дека во секое време може да се смета и на негова помош“ – истакна Ивица Обрван за порталот www.ekipa.mk