Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави списокот за првите два дуели од квалификациите за Европското првенство, кое ќе се одржи 2016 година, во Полска. За потсетување, Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Чешка и Швајцарија, а на ЕП ќе се пласираат најдобро пласираните две селекции. Во првите две кола, Македонија се среќава со Швајцарија на 29.10, во Скопје, и со Чешка на гостински терен, во Злин, на 02.11.2014.

Списокот е без изненадувања, и ги вклучува и младинците Нелоски и Талески. Дали ќе останат и на скратениот список од 16 ракометари, останува да видиме пред самите натпревари.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

1. Бoркo Ристoвски (Кретеј)
2. Никола Митревски (Металург)
3. Петар Ангелов (Вардар)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Гоце Ојлески (Металург)
6. Гоце Георгиевски (Металург)
7. Златко Мојсоски (Прилеп)
8. Стојанче Стоилов (Вардар)
9. Никола Маркоски (Маркоски)
10.Ванчо Димовски (Металург)
11. Наумче Мојсовски (Металург)
12. Филип Лазаров (Вардар)
13. Аце Јоноски (Металург)
14. Велко Маркоски (Металург)
15. Марко Нелоски (Металург)
16. Талески Филип (Металург)
17. Филип Миркуловски (Металург)
18. Немања Прибак (Вардар)
19. Кире Лазаров (Барселона)
20. Ренато Вугринец (Металург)