Селекторот Обрван смета дека натпреварот го решавале нијанси, одбраните на Шкоф и нашите промашени зицери кои многу лесно можеа да го свртат натпреварот.
„Не бевме на нивото од групната фаза. Игравме против силна репрезентација, дуел со тесен резултат кој го решаваа нијанси. Одигравме еден тврд натпревар, бевме генерално послаби во фазата на одбрана и решавањето на ситуациите еден на еден. Во клучни моменти промашивме зицери кои можеби ќе ни дадеа некоја надеж” – изјави селекторот Обрван по натпреварот.
„Жалам што загубивме, штета е што е така бидејќи имавме одлични игри на првенството. Дали заслуживме барам реми? Кога ќе загубите треба да му честитате напротивникот. Ако дадевме гол и дојдевме на еден разлика, можеби ќе беше поинаку, но никогаш не знаеш како би било”.– заврши Обрван.