Македонската ракометна репрезентација за неполн месец го стартува новиот квалификациски циклус, овојпат за пласман на ЕП 2016 во Полска, но селекторот Ивица Обрван има причини за загриженост поради премалата минутажа што ја добиваат поголемиот дел од репрезентативците во своите клубови.

Македонскиот национален тим ги почнува новите квалификации со домашен натпревар против Швајцарија на 28 октомври, по што следи гостувањето против селекцијата на Чешка на 2 ноември.

Пред се, би кажал дека не е моја работа да се мешам во политиката на клубовите и изборот на нивните тренери. Сепак, од друга страна како селектор на репрезентацијата би додал дека сум загрижен за формата на репрезентативците, кои не добиваат доволно шанси за да влезат во посакуваниот ритам. Не сум запознаен со деталите околу ситуацијата во Металург, но се надевам дека се наскоро ќе биде решено и дека играчите ќе можат да се фокусираат врз своите настапи. Првите две средби во новите квалификаци се многу значајни и неопходно ќе ни биде сите ракометари да бидат во топ-форма“ – изјави Обрван.

Не може да има преголеми промени во списокот бидејќи во секој случај ние немаме преголем избор на врвни ракометари. Токму затоа, искрено се надевам дека сите стандардни играчи од последниот период ќе влезат во потребната форма и ќе бидат максимално подготвени за стартот од новиот квалификациски циклус“ – додаде Обрван.