Ивица Обрван останува на чело на македонската ракометна репрезентација, откако денеска беше претставен неговиот извештај за настапот на нашиот национален тим на СП 2015 во Катар. Очекувано беше донесена одлуката за Обрван да остане на кормилото на националниот тим најмалку до истекот на актуелниот договор, до јули 2015 година.
Со што останува Ивица Обрван да го води македонскиот национален тим во остатокот на квалификациите за ЕП 2016 во Полска. Каде по завршувањето на овие квалификации ќе биде донесена и одлуката дали ќе биде потпишан нов договор со актуелниот селектор, или на негово место ќе биде ангажиран нов стручњак.
На денешниот состанок на УО на РФМ беа именувани и тројца привремени селектори во младинските репрезентации, Влатко Неделковски беше избран на чело на селекцијата до 19 година, Симе Симовски ќе биде кормилар на женската репрезентација до 19 години, додека улогата на кормиларка на женската селекција до 17 години и припадна на Јуле Црвенковска.