Македонската сениорска ракометна репрезентација предводена од селекторот Ивица Обрван, вечерва го има првиот собир во хотелот „Русија“ во Скопје. Со што официјално ги започнуваат на подготовките за настапот на СП во Катар, кое ќе се одржи во периодот од 15-ти Јануари до 1-ви Февруари.

Во пресрет на подготовките, селекторот Обрван е свесен дека следи тежок период како за него, така и за ракометарите. Обрван на собирот посочи дека се уште е рано за да се прогнозира за каков дострел е способен македонскиот национален тим за претстојниот мундијал, но изјави дека сеуште стои јасна крајната цел на овој шампионат, а тоа е да се обезбеди учество на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

„Рано е да се даваат прогнози, треба да почнеме со работа, да видиме во каква форма се наоѓаат ракометарите, а потоа да дадеме и конкретни изјави на оваа тема. Очигледен е проблемот поради неподготвеноста на дел од играчите поради случувањата во нивниот клуб, тоа е нешто што не може целосно да се поправи со нецели триесет дена тренинзи со репрезентацијата, но ние сигурно ќе дадеме се од себе за да го консолидираме тимот и да го извлечеме максимумот од секој поединец, па тоа да го искористиме за да создадеме силен колектив. Рано е да се дава прогнози, но целта останува непроменета, да се најдеме во четвртфиналето, а потоа да атакуваме на учество на ОИ во Рио“ – изјави Обрван.