На денешната ждрепка во просториите на РФМ беа одредени полуфиналните двојки во женскиот Куп на Македонија. Во едното полуфинале ќе се најдат двете екипи на Вардар, додека во другото ЖРК Металург ќе мора да мине преку Пелистер.
Завршницата од Купот требаше да се одигра на 2-ри и 3-ти Мај, но РФМ одлучи да го поместат за на 16-ти и 17-ти со што би се овозможило повеќе простор на шампионот ЖРК Вардар за подготовка за фајнлфор турнирот во Будимпешта.
Одлучено е оваа година финалните дуели од Купот на Македонија и во женска и во машка конкуренција да се играат во ист термин и на исто место поради ТВ преносите. Местото каде ќе биде завршницата од Купот на Македонија ќе биде дополнително одредено.
Полуфинални двојки:
- ЖРК Вардар : ЖРК Вардар СЦБТ
- Пелистер : ЖРК Металург