Во пресрет на вечерашното дерби, на двете непоразени екипи во ЛШ, тренерот на Веспрем, Антонио Карлос Ортега со изјава за натреварот, како и за атмосферата во СЦ Јане Сандаски.

“Очекувам тежок натпревар играме во една прекрасна арена со фантастична атмосфера. Ќе биде многу тешко, Вардар игра одлично на домашен терен, но ние во екипата имаме одлични ракометари и затоа тие треба секогаш да играат добро. Треба да се борат и да се обидат да победат. Свесни сме дека ќе ни биде многу тешко бидејќи Вардар е добар тим, ние добро се подготвивме за овој натпревар всушност како и за сите останати мечеви” – изјави Ортега.

“Атмосферата во тимот е добра бидејќи ракометарите се свесни дека ова е многу значаен натпревар. Ние секогаш посветуваме големо внимание на одбраната, за нас дефанзивата е најважен сегмент од играта. Ако се оди како што треба натпреварот ќе го решаваат детали. Многу е важно во клучните моменти да не се прават грешки” – дополни Ортега.