Левото крило на македонската репрезентација, Гоце Ојлески својата кариера ја продолжува во романската екипа Одорхеи. После сите претходни шпекулации за неговата иднина, Ојлевски се реши да замине во странство, за кое ќе му биде прво интернационално искуство во својата кариера.
Ојлевски потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен за една сезона, каде ќе го носи дресот со број 3 – гласеше во соопштението на Одорхеи на официјалната веб страна. Тој ќе им се приклучи на нашите нашите интернационалци Горан Кузманоски и Лазе Мајнов, кои ги продолжија своите договори со романската екипа.
„Ова ќе биде прво интернационално искуство во мојата кариера, ми се отвори шанса и решив да ја искористам. Имав можност да продолжам во Металург, но ја одбрав понудата на Одорхеи и можноста да ја продолжам кариерата во странство. Тоа што во Одорхеи настапуваат Кузманоски и Мајнов беше уште една причина повеќе да ја прифатам понудата. Верувам дека со нивна помош и поддршка многу побрзо и полесно ќе се адаптирам на новата средина и верувам дека ќе имаме успешна сезона“ – изјави Ојлески за порталот Екипа.
МакРакомет му посакува многу среќа и успеси во новиот клуб!
Извор: www.szkc.ro