Младите ракометари на Пелистер покажаа дека имаат квалитет, вечерва ја победија чешката екипа, Дукла, со 24:18. Но сепак не беше доволно за да ги продолжат натпреварите во Челинџ купот.

Сепак разликата од 10 погодоци беше превисока за нашите ракометари, да ја достигнат. Но, Битола покажа дека е желна за ракомет, во преполната сала „Младост“ 4.000 гледачи ги бодреа младите ракометари.

Кај Пелистер Димитровски постигна 8 погодоци, Дрогишки и Рајатовски по 7, а кај чешката екипа ракометарите Котрц и Кастнер постигнаа по 6 гола.