Хрватската репрезентативка, Андреа Пенезиќ е нашиот клучен играч во нападот, но и има значајна улога и во дефанзивата. Оваа сезона блеска со своие игри и заслужено може слободно да кажеме дека е вистински лидер на екипата на ЖРК Вардар.

Во пресрет на вечерашниот натпревар, Пенезиќ ги повикува љубителите на женскиот ракомет да дојдат во што поголем број во СЦ „Јане Сандаски“ да им дадат поддршка, која можеби ќе биде еден од клучните фактори за успех на нашите ракометарки.

“Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Ова ни е најважниот меч во сезоната и ќе дадеме се од себе да победиме. Ги повикувам сите навивачи да дојдат во арената да ни дадат поддршка и да бидат нашиот осми играч бидејќи сметам дека и тоа како ќе ни биде потребна поддршката од трибините” – изјави Пенезиќ.

“Нашата цел е да играме што е можно подобро во одбраната, да бидеме агресивни и да им ја олесниме работата на нашите голмани. Мислам дека клучно ќе биде да играме добро и агресивно во дефанзивата. Ѓер има свој систем на игра, одличен тренер и мислам дека се ослабени со повредите на неколку ракометарки, но имаат свој стил и ќе ни биде многу тешко”
– заврши Пенезиќ.