Денес во рамките од натпреварувањето во СКОПСКО женската Супер лига, се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар 2. Иако фаворит  беше домашната екипа на ЖРК Металург, сепак на крајот минимално победи екипата на ЖРК Вардар 2. Овој натпревар го отвори домаќинот со одлична серија од 5:0, а на вардарки им беа потребни 9 минути за да го постигнат првиот гол. Потоа следуваше  и серија на гостинките, па до крајот на првото полувреме следеше една изедначена борба. Резултатот на крајот на првото полувреме беше 9:9. На почетокот на второто полувреме, повторно следуваше серија на ЖРК Металург и имаше водство од +3. Сепак од 47-та минута па се до крајот на натпреварот се играше борбено и гол за гол. Вардар 2 во последните минути дојде и до водство од +2, а домаќинките успеаа да дојдат до -1. На 10 секунди до крајот на натпреварот во напад на ЖРК Металург за израмнување на резултатот, судиската двојка Илиевска-Карбевска досудија пробивање, при што на крајот ЖРК Вардар 2 успеа минимално да слави.

Најефикасни на овој натпревар беа Белеска и Величковска со по 6 погодоци од екипата на ЖРК Металург, а од екипата на ЖРК Вардар 2, Керамичиева со 8 погодоци.

По натпреварот, екипата на МакРакомет поразговара со пивотот на ЖРК Вардар 2, Николина Бојаџиска која ни го изнесе своето мислење по победата.

Бојаџиска: ,, Ова беше еден неизвесен натпревар за сите нас до самиот крај. Имаше одлична и фер игра од двете страни. Ние добро го познаваме противникот и клуч за нашата победа беше силната одбрана и  борбеноста која ја пружи секоја од нас.

Своето видување за овој натпревар го изнесе и десното крило, Елена Петковска од екипата на ЖРК Металург.

Петковска: ,, Денешниот натпревар беше доста тежок, тензичен и неизвесен. Иако добро започнавме со серија од 5:0, во текот на целиот натпревар не одигравме како што умееме. Ова беше еден лош ден за нас и не се покажавме во најдобро светло. Иако сами сме виновни за минималниот пораз, морам да ги потенцирам судиските грешки на судискиот пар Илиева-Карбеска во текот на натпреварот, посебно во второто полувреме. Нашиот тим беше оштетен во последните 10 секунди, при резултат 21:22, кога наместо очигледниот пенал беше досуден како пробивање. Само едно се прашувам дали во Македонија постои друг судиски пар кој би судел на дерби натпреварите помеѓу ЖРК Металург и ЖРК Вардар?!“