Ракометарите на Тинекс Пролет дојдоа до нова победа, после неколкуте порази во низа. Овој пат совладана беше младата и неискусна екипа на РК Металург 2 32:17 (15:7), која се уште нема освоено бодови во оваа за нив дебитантска натпреварувачка сезона.

Уште на самиот почеток, ракометарите на Пролет наметнаа силно темпо, па со серија од неколку погодоци и цврста игра во одбрана успеаа резултатски да се одлепат и притоа да го остават противникот на само 1 гол, 7:1.

Второто полувреме помина во ист ритам како и првото, младите ракометари на Металург 2 влегуваа од грешка во грешка, а искусниот тим на Пролет знаеше сето тоа да го искористи.

Најефикасни на овој натпревар беа Трајковски со 9 голови, а од екипата на Металург 2 се истакна Димитриоски со 4 голови.

РК Тинекс Пролет – РК Металург 2  32:17 (15:7)

Пролет: Кимевски, Кристо, Николовски, Левковски, Мајнов 3, Апостоловски 2, Tрајчевски 1, Јовановски 4, Коруновски, Трајковски 9, Андоновски 5, Дамчевски 1, Огњановски, Крстевски, Стојановски 4 и Џонов 3.    Седмерци: 3/3    Исклучувања: 14 минути.

Металург 2: Доневски, Реџиќ 1, Петрески 2, Шулевски, Стојковски, Бошковски 2, Димитриоски 4, Стојменов 2, Шилегов 1, Петковски, Лембанов 2, Танкоски 2, Блажевски, Митревски, Лазаревски и Гошевски 1.     Седмерци: 1/2.       Исклучувања: 6 минути.