Повредата на македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски не е сериозна. Деновиве имаше шпекулации и прашања околу сериозноста на повредата на Георгиевски, која ја заработи на последниот натпревар против Иври.
За среќа избегнато е оштетување на коленото и имало само оток на мускулот на надколеницата, за која треба одмор да да смири и спласне отокот. По што дотолку тоа се случи брзо, нашето десно крило ќе може да настапи на подготвителниот турнир во Хрватска
„Кога добив удар чувствував силна болка, изгледаше лошо, мислевме дека е коленото. Меѓутоа имам само оток на мускулот и потребно е да мирувам додека спласне. Нема да избрзуваме, но ако деновиве се подобри ситуацијата ќе дојдам на репрезентативниот собир“ – изјави Георгиевски за порталот Спортмедиа.