Овој викенд заврши натпреварувањето по групи во Купот на Македонија, при што се познати полуфиналистите кои ќе се борат за првото место и освојувањето на националниот Куп. Во првата фаза 16 екипи поделени во 4 групи се обидоа да дојдат до првите 4 места кои овозможуваат полуфинале. Викендов се одиграа натпреварите од три квалификациски групи, а четвртата квалификациска група на која РК Вардар е домаќин беше одложена, но ќе се одигра во текот на неделата поради обврските што ги имаше РК Вардар во ЛШ. Место во полуфиналето обезбедија: Тинекс Пролет, Зомимак-М и Металург.

Резултати:

Група 2:
РК Лозари 20:28 Металург 2
Најефикасен во составот на ГРК Лозари беше Алексовски со 6 погодици, а кај РК Металург2 Гошевски со исто така 6 погодоци.
РК Тинекс Пролет 24:17 Работнички
ФИНАЛЕ: Тинекс Пролет 25:22 Металург 2
Најефикасни на овој финален натпревар беа Трајковски од РК Тинекс Пролет со 8 голови, а еден помалку постигна Велковски од РК Металург 2.

Група 3:
РК Преспа 22:28 Пелистер 08
Најефикасни на оваа средба беа Башевски и Тунтевски од РК Преспа со по 5 погодоци и Кузмановски од РК Пелистер 08 со 9 погодоци.
Зомимак-М 23:30 РК Вардар Јуниор
Најпрецизни во екипата на Зомимак-М беа Чантурија и Милосављевиќ со 6 голови, а од Вардар Јуниор Костовски со 4 голови.
ФИНАЛЕ: Зомимак-М 34:29 РК Пелистер 08
Павловски и Чантурија беа најпрецизни за својата екипа со по 8 погодоци, а од екипата на Пелистер 08 најпрецизен беше Илиевски со 10 погодоци.

Група 4:
Металург 53:14 РК Феникс
Најефикасни на оваа средба беа Костески со неверојатни и рекордни 21 и Маџовски со 16 постигнати погодоци, а додека во екипата на РК Феникс најефикасен беше Талевски со 4 погодици.
РК Радовиш 34:21 РК Текстилец
Најпрецизен во екипата на РК Радовиш беше Ѓоргев со 10 голови и Данев од РК Текстилец со 6 голови.
ФИНАЛЕ: Металург 31:23 РК Радовиш
Најпрецизни на оваа средба беа Џукиќ од Металург со 7 погодоци и Илиев со 13 погодоци од Радовиш.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат кон средината на месецот мај, а домаќинот дополнително ќе биде одреден.