Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени полуфиналните двојки во рамките на завршните натпревари од Купот на Македонија.
Полуфиналните двојки се:

  • РК Тинекс Пролет : РК Металург
  • РК Вардар : РК Зомимак-М

Овие завршни натпревари ќе се одиграат на 16 и 17 Мај, а домаќин на завршницата ќе биде СЦ Јане Сандански.