Денес во просториите на РФМ беа извлечени двојките за 1/8 финалните групи од машкиот Куп на Македонија. Победниците ќе се сретнат во своедно финале, а подобриот оттаму оди во фајналфор завршницата. Термини на одигрување на натпреварите е 18 или 19 Април, а за фајналфор завршницата предвидена е да биде на 16 или 17 Мај.
Група 1 (Домаќин е Вардар)
- Прилеп 2010 – Охрид 2013
- ГРК Борец – Вардар
Група 2 (Домаќин е Пролет 62)
- Пролет 62 – Работнички
- ГРК Лозари – Металург 2
Група 3 (Домаќин е Вардар Јуниор)
- Вардар Јуниор – Зомимак-М
- Преспа – Пелистер
Група 4 (Домаќин е Металург)
- Металург – Феникс
- Текстилец – Радовиш