Победникот од натпреварот помеѓу екипите на Мешков Брест и Нексе, ќе биде противникот на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем.
По вчерашната победа на Мешков Брест на гостувањето во Скопје, против Металург, со 26-17, решени се сите дилеми околу тоа кои екипи ќе разигруваат за титулата во Регионалната лига.
Екипата на Нексе е последниот патник за завршниот турнир, иако има да одигра уште еден против Борац од Бања Лука. Овој натпревар не е толку битен бидејќи тимот од Нашице има еден бод предност во однос на Металург кој остана на 7-то место.
Завршниот турнир во Веспрем ќе се игра од 25 до 29 март.
1/4 натпревари:
- Мешков Брест – Нексе
- ППД Загреб – Татран Прешов
Победниците потоа два дена подоцна ќе играат во полуфиналето, со Вардар и со Веспрем.