Денес подмладениот тим на Металург во рамките од 13-то коло на Регионалната лига му гостува на стариот познаник Татран Прешов. Металурзите на Лино Червар ќе се обидат вторпат сезонава да го изненадат Татран Прешов, кој во 4-то коло го победија со 34-28.
Овие две екипи досега се имаат сретнато 6 пати, Металург победи четири пати, а Тартан двапати, но има и една службена победа (сезона 2012/2013, кога Металург не успеа да отпатува на натпревар).
Плаво-белите против Нексе покажааа дека не заборавиле ракомет да играат и дека со помладен состав може да парираат на повеќето екипи, така и денес ќе пробаат да го изненадат словачкиот шампион, и да стигнат до нови бодови.
Список на ракометари: Митревски, Мисовски, Миркуловски, Георгиевски, Пешевски, Ојлески, Јоновски, Кукоски, Талески, Нелоски, Борј. Маџовски, М.Манасков, Бој.Маџовски, Костески и Вугринец.