Репрезентацијата на Австрија е последниот противник во групната фаза на светското првенство. Натпревар во кој ќе решава за кој ќе се најде на второто место во групата. Нашата репрезентација за да го освои второто место во групата, ќе треба да победи или да одигра нерешено.
“Добро ја познаваме македонската репрезентација, ја анализиравме, гледавме снимки. Се работи за искусен и квалитетен состав, чии ракометари настапуваат во Лигата на шампионите. Посакувам победа на денешната средба и освојување на второто место. Тоа би била и одмазда за нашите претходни неуспеси во дуелите со Македонија. Но, нема да дозволам никаква “лична војна“ на теренот, туку ќе барам дисциплинирана и паметна игра. Сепак, ова е светско првенство“ – изјави тренерот на австриската репрезентација, Партекур Јоханесон.
Кога ќе се спомне Австрија во ракометот, веднаш не асоцира на женскиот ракомет. Но, веќе во последните 5 години, многу се работи на подобрување на квалитетот и на машкиот ракомет во Австрија. Ракометната федерација на Австрија со конкретен план излезе уште во 2010 година, со што уште од тогаш постепено квалитетот на репрезентацијата се движи во нагорна линија. Доказ за тоа се резултатите направени на ЕП и СП во последниве години, ЕП 2010 завршија 9-ти, СП 2011 завршија на 18-то, ЕП 2014 завршија на 11-та позиција, но за да се пласираат на СП во Катар направија големо изненадување, совладувајќи ја репрезентацијата на Норвешка со (28:26, 28:28).
Од последниот наш натпревар против репрезентацијата на Австрија, на ЕП 2014 во Данска(групна фаза) издвојувавме победа 22:21, која добро се сеќаваме дека не беше ни најмалку лесна.
Австрискиот состав е исти, освен Фослер и Вилциски кои ги завршија своите кариери. Но, како нивна замена влегоа во составот младите талентирани ракометари Доминик Шмид и Никола Билук, кој беше избран за најдобар играч на ЕП 2014 јуниори, кое се одржа летово во Полска.
Репрезентацијата на Австрија е позната по својата добра одбрана, додавајќи тоа дека го има на голот искусниот Никола Мариновиќ, кој игра во германската лига, со што тоа го сметаат како клуч за посакуваниот успех. Во нападот предводени се од одличниот плејмејкер Виктор Силаѓи, помогнати секогаш од нивните две брзи крила Роберт Билер и Раул Сантош кои го потврдија својот квалитет, со што после четирите одиграни натпревари, Билер постига 26 погодоци, а Сантош 24 погодоци. Со што кажува дека нашите ракометари треба да ја запрат нивната полуконтра и контра, дотолку сакаме да победиме во овој натпревар.
Сумирано, репрезентацијата на Австрија е добра репрезентација која не треба да се потцени. Тоа ни го покажаа во Данска, но и на ова СП во Катар. Сега имаат голема желба да ни се одмаздат за тој пораз. Како и да е, нашите ракометари ќе треба да се покажат во свое светло и да ја играат својата игра, со што не би преставувало проблем да ја совладаат репрезентацијата на Австрија.
Мечот се игра во Ali Bin Hamad Al Attiya арената, со почеток од 17:00 часот.