Пред вчерашниот натпревар со екипата на Гепинген емотивно обраќање имаше македонскиот репрезентативец во редовите на Вецлар, Дејан Манасков, кој од веќе од следната сезона ќе настапува во екипата на Вардар.

Манасков помина 4 месеци во германската Бундес-лиа, каде остави одличен впечаток со своите добри партии во дресот на Вецлар. Натпревари кои ја подигнаа неговата форма, со што може слободна да се каже дека е спремен за престојните квалификациски натпревари со нашата репрезентација, против Швајцарија и Чешка.

По оваа германска авантура, Манасков се враќа во Македонија!

“Во Вецлар сум само четири месеци, но овој период од мојот живот ќе го паметам секогаш, бидејки овде стекнам многу нови пријатели. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на оваа прекрасна публика, најдобра во Германија. На екипата на Вецлар и посакувам успех и во следните сезони“ – изјави Дејан Манасков.