Екипата на РК Радовиш дојде до својата прва победа во разигрувањето за шампионската титула, откако на домашен терен ја совлада екипата на РК Прилеп со резултат 34:27 (17-10). Во текот на целиот натпревар , домаќинот имаше константно водство од 6 д 7 разлика за што сведочи и резултатот на крајот од првото полувреме 17:10. Во второто полувреме , екипата на Радовиш продолжи со исто темпо, со цврста игра во нападот и во одбраната успеа да го задржи водството и на крајот конечниот резултат изнесуваше 34:27. Во наредното 4-то коло од македонскиот плеј-оф, екипата на Радовиш и гостува на екипата на Зомимак во Струмица.
За потсетување, во рамките на 3-тото коло од плејофот, екипата на РК Металург на 14.04.2015 година (вторник), ја пречекува екипата на Зомимак. Натпреварот започнува во 19 часот.