Уште во првиот натпревар од 16-то коло во Супер ВИП лигата на Македонија се случи првото изненадување, екипата на Охрид го совлада Пелистер со 27:21 и му ги замрси шансите за место на првите четири позиции на табелата кои водат во плеј-оф разигрувањето за титулата.
Со овој пораз, на две кола до крајот на првиот дел од шампионатот, Пелистер му даде шанса на Тинекс Пролет со евентуална победа во недела над Работнички да се изнедначи со бодови со битолчани.
Повеќе за натпреварите кои ќе се играат во ова 16-то коло може да видите ТУКА.
„Одигравме без калкулации и на победа. Така баравме и ние пред стартот на шампионат, така ќе играме и сега. Моите ракометари покажаа дека знаат и дека мечот со Тинекс Пролет беше само лош ден. Од сега почнуваме да правиме концепт за следната сезона каде се надевам дека ќе задржиме поголем дел од овие ракометари“ – изјави охридскиот стратег Горан Андоновски за www.ohridnews.com