Престојниот викенд ќе се одигра претпоследното коло од машката ВИП Супер лига, поточно сите натпревари ќе се одиграат во недела (22 Март), откако Ракометната федерација на Македонија донесе одлука дека сите натпревари од последните две кола од Супер лигата да се одиграат во ист термин.

Ова 17-то коло ни носи два дерби натпревара, едниот ќе се одигра во Радовиш, другиот во Прилеп. На радовишани ќе им гостуваат струмичките рисови, кои за разлика од домаќинот кој е во тесна трка за влез во плејофот, веќе има обезбеден пласман како првопласирана екипа. Додека екипата на Радовиш се наоѓа на 3-та позиција 30 бодови, исто колку и 4-то пласираниот Металург 2. За очекување е цврст и неизвесен натпревар до самиот финиш, пред преполна сала Радовиш ќе проба да направи изненадување.

Истотака, во второто дерби во Прилеп ракометарите на Тинекс Пролет ќе пробаат да направат изненадување. Скопјани се во одлична форма, но против прилепчани ќе мораат да го дадат својот максимум дотолку сакаат да се вратат со позитивен резултат во Скопје. Прилеп е на второто место со 31 бод, 4 повеќе од Тинекс Пролет кои ја делат 5-та позиција со Пелистер со по 27 бодови.

Од останатите натпревари мора да се напомене и тешкото гостување на Металург 2 кај охриѓани. Кои во последното кола направија големо изненадување, совладувајќи го Пелистер кој беше голем фаворит. Охрид е без шанси за пласман во плејофот, но секогаш се незгоден противник на домашен терен, така да изменетиот состав на плаво-белите ќе се помачи за освојување на бодови во Охрид.

Натпревари од 17-то коло:

  • Зомимак-М : Радовиш
  • Преспа : Текстилец
  • Прилеп : Тинекс Пролет
  • Охрид : Металург 2
  • Пелистер : РК Работнички