Може слободно да кажеме дека заминувањето од Вардар и преселбата во Турција, во екипата на Бешикташ е најдобриот потег кој можеше македонскиот репрезентативец да го направи.
Средина во која Прибак брзо се снајде и стана еден од лидерите во екипата т.е. мозокот во нападот. Бешикташ оваа сезона игра во Лигата на шампиони во групата А, каде му овозможи на нашиот ракометар да одигрува квалитетни и силни натпревар, со што неговата форма ќе иде во нагорна линија и без сомнение ќе биде од голема помош во македонската репрезентација за престојното ЕП 2016 во Полска.
На вчерашниот последен одигран натпревар во рамките од ЛШ против Фленсбург, Прибак одигра одлична партија и натпреварот го заврши како втор стрелец со постигнати 6 погодоци, кои сепак не беа доволни неговата екипа да забележи позитивен резултат. Па овој пораз е веќе 5-ти пораз во ЛШ, со што Бешикташ се наоѓа на последната позиција на табелата, но со шанси за понатамошен пласман и влез во 1/8 финалето.
*Прибак во 5-те одиграни натпревари оваа сезона во ЛШ, има постигнато вкупно 18 погодоци.
Тимот на МакРакомет се радувана на неговите игри и му посакува уште повеќе вакви игри, кои без сомнение ќе го направат еден од главните играчи во македонската репрезентација.