Во пресрет на вечерашното дерби помеѓу двата најголеми клуба во Македонија, Металург – Вардар, средниот бек на Вардар Немања Прибак очекува нов интересен меч, на кој најавува победа.

„Овој натпревар доаѓа по нашите одлични изданија во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека оваа пресметка не е интересна. Ова е македонско дерби, на кое очекувам дека ќе прославиме голема победа со нашите навивачи. Металург имаше проблеми во последниот период, но и покрај фактот што си заминаа многу важни играчи, сметам дека тие имаат квалитетен тим. Сигурен сум дека не очекува уште еден неизвесен дуел со нашиот добро познат ривал“ – изјави Немања Прибак