Денес се одиграа два натпревари од ВИП Супер лигата, во кои ракометарите на РК Радовиш минимално славеа над РК Пелистер, со погодок во последните секунди, за конечни 26:25, за трет триумф оваа сезона. Повторно ракометарите на РК Пелистер како и на нивниот последен натпревар против Рк Охрид, не успеаја да ја искористат својата шанса за погодок, и на крајот загубија.
Неочекувано во вториот натпревар ракометарите на РК Охрид убедливо ја совладаа екипата на РК Прилеп, со конечни 30:22. Натпревар во кој неизвесноста траеше само во првото полувреме, за потоа во второто охриѓани превземат иницијатива и лесно дојдат до нова победа оваа сезона.
Најефикасни кај РК Охрид беа Печенкоски Горан со 8 погодоци и Дарко Павловиќ со 6 погодоци, додека во спротивниот табор најефикасен беше Бозароски Александар со 5 погодоци.
РК Работнички 26:22 РК Тинекс Пролет
РК Вардар Јуниор 37:26 РК Металург 2
Натпреварот Металург – Борец е одложен за 18.11.2015 година.
ТАБЕЛА:
РК Работнички 18
РК Металург 15 (-2 меча)
РК Охрид 15
РК Прилеп 12
РК Вардар Јуниор 12
РК Радовиш 9
РК Тинекс Пролет 9
ГРК Борец 6 (-1 меч)
РК Пелистер 3 (-1 меч)
РК Металург 2 без бодови