Вечерва македонската женска репрезентација загуби од Хрватска со убедливи 22:36, во рамките од квалификациите за ЕП 2016 во Шведска. Втор пораз на ракометарките, откако во средата загубија од репрезентацијата на Црна Гора.
Но, резултатот не е толку реален, во однос тоа како одиграа нашите ракометарки. Нашите ракометарки одиграа едно добро прво полувреме, во кое достоинствено се спротиставуваа на искусните хрватски ракометарки. За на полувреме да заминат со негатива од 4 погодици, конечни 11:15.
За веќе во второто полувреме, искуството и неподготвеноста за добри две полувремиња да си го направи своето. Лошо го започнавме, со многу технички грешки во нападот, кои хрватиците тоа умешно го искористија и се одлепија резултатски. Со што до самиот крај, постепено се зголемуваше водството за конечни 22:36 и втор пораз на нашите ракометарки.
Селекторот Симе Симовски, им даде шанса на сите ракометарки да го почувствуваат паркетот и овој квалификациски натпревар. Најефикасна во македонската репрезентација беше Сара Ристовска со 8 погодоци, Елена Ѓорѓиевска постигна 5, а Теодора Керамичиева и Јована Саздовска го завршија мечот со по 4 погодоци.
Квалификациите за ЕП 2016 продолжуваат во март наредната година, доволно време за овие млади ракометарки да се спремат и зошто да не ја изненадат Словенија, со што би ја забележале првата победа после долга пауза.
Фото: www.ekipa.mk