Денес од 18:00 часот, ракометарките на ЖРК Металург предводени од тренерот Александар Петровски ќе го одиграат првиот натпревар од двомечот од третото коло на Купот на победниците на купови (КПК), против унгарската екипа на Сиофок КЦ. По договор на двата клуба, натпреварите ќе се одиграат во Унгарија. Реваншот ќе биде два дена подоцна, во недела, во истиот термин.

Екипата на Сиофок е еден од најголемите конкуренти за освојување на Купот на победниците на купови. Екипа која има амбиции да им се вмеша на нас добро познатите екипи на Ѓер и Ференцварош, во борбата за врвот во унгарското превенство. Сезонава, се засилија со неколку искусни интернационалки, кои преставуваат закана за секоја екипа.

Нашите млади ракометарки, ги очекува тежок натпревар, но ова им е шанса да го покажат својот квалитет и да пробат да го изненадат противникот.