Со одигрувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Тинекс Пролет и Охрид, во кој убедливо славеа скопјаните со 28:21, заврши 15-то коло од машката ракометна ВИП Супер лига. Пролет со овие нови три бода ги задржа шансите не само за 4-то место, туку и за погоре.

Истотака со убедлив триумф на домашниот тим од 35:23, заврши и натпреварот помеѓу екипите на Зомимак-М и Преспа. Со што уште еднаш ја потврдија својата фаворитска улога и со 15 победи се убедливо најдобриот тим во овој дел од првенството. На овој натпревар го имаа дебито браќата Маркоски и бугарскиот интернационалец Тунтев, во кои тројцата постигнаа по еден гол.

Додека во дербито на колото помеѓу екипите на Радовиш и Прилеп 2010, им припадна на домаќините кои во преполнатата сала во Радовиш ги совладаа прилепчани со 29-28. Со оваа победа Радовиш се доближи до само еден бод до прилепчани, кои ја задржаа 3-та позиција на табелата после овој пораз.

Ракометарите на Пелистер го пречекаа Металург 2, каде изиграа доста интересен натпревар. Со оглед на тоа дека на полувреме битолчани губеа со 6:8, успеаа во второто полувреме да направат пресврт и да слават убедливо со 21:14. Победа со која Пелистер се израмни со Радовиш со бодовите (двете имаат по 27).

За разлика од сите горенаведени натпревари, натпреварот помеѓу Работнички и Текстилец заврши без победник, со конечни 24:24. Натпревар во кој екипата на Текстилец го освои првиот бод оваа сезона.

Со оглед на сегашната табела, сигурен патник во плејофот се струмичани. За останатите 3 места ќе се борат до последното коло екипите на Металург 2, РК Радовиш, РК Прилеп, РК Пелистер и Тинекс Пролет.

Конечниот изглед на табелата, после 15-то коло на машката Супер ВИП ракометна лига:

1. Зомимак М 45
2. Металург 2 30
3. Прилеп 2010 28
4. Радовиш 27
5. Пелистер 27
6. Пролет 24
7. Охрид 20
8. Работнички 14
9. Преспа 6
10. Текстилец 1

Натпревари од следното 16-то коло

  • Металург 2 : Зомимак
  • Преспа : Радовиш
  • Прилеп : Текстилец
  • Охрид : Пелистер
  • РК Работнички : Тинекс Пролет