Денес се комплетираше 16-то коло од машката ракометна ВИП Супер лига, коло во кое сите фаворите ја оправдаа фаворитската улога, освен екипата на Пелистер кој се врати поразена од Охрид, со што се врати чекор назад од одењето кон 4-то место кое води во плеј-оф разигрувањето за титулата.
Во останатите натпревари без големи изненадувања, фаворитите издвојуваа победи. Тинекс Пролет фати приклучок со екипите што се борат за 4-то место, откако победи во градското дерби против Работнички, 20-23. Со новите бодови, сега Пролет е на делба на 5-то место на табелата, заедно со Пелистер, со по 27 бода, три помалку од Металург 2 и Радовиш, и четири помалку од Прилеп.
До крајот од регуларниот дел од сезоната има уште две кола. Натпревари кои ќе донесат неизвесност и разврска кои екипи ќе им се приклучат на веќе сигурните Зомимак-М, Металург, Вардар во разигрувањето за титулата.
Конечниот изглед на табелата, после 16-то коло на машката Супер ВИП ракометна лига:
1. | Зомимак М | 48 |
2. | Прилеп 2010 | 31 |
3. | Металург 2 | 30 |
4. | Радовиш | 30 |
5. | Пелистер | 27 |
6. | Пролет | 27 |
7. | Охрид | 23 |
8. | Работнички | 14 |
9. | Преспа | 6 |
10. | Текстилец | 1 |
Натпревари од следното 17-то коло
- Зомимак-М : Радовиш
- Преспа : Текстилец
- Прилеп : Тинекс Пролет
- Охрид : Металург 2
- Пелистер : РК Работнички